Капитенот на Лутон, Том Локиер, денеска е отпуштен од болница, откако доживеа срцев удар на теренот за време на дуелот од Премиер – лигата против Борнмут на крајот на минатата недела. На 29-годишниот дефанзивец му е вграден кардиовертер дефибрилатор за да се спречи повторување на инцидентот од минатата сабота.
Том Локиер падна на тревата во 59. минута од средбата меѓу Лутон и Борнмут, а во тој момент немаше други играчи околу него.
Локиер беше подложен на бројни тестови и прегледи во изминатите неколку дена. Велшкиот репрезентативец исто така колабираше во мај оваа година на „Вембли“ за време на плеј-офот на Лутон за Премиер – лигата против Ковентри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













