
Расте разочарувањето во Манчестер Јунајтед од придонесот на Бразилецот Антони, за кого „црвените ѓаволи“ платија неверојатни 85,5 милиони фунти во летото 2022 година.
22-годишниот Бразилец има само осум гола и три асистенции на 62 натпревари досега, а нема придонесено за ниту еден гол за својот тим оваа сезона, иако веќе одигра 18 натпревари. Поради оваа причина, Ерик тен Хаг веќе се насочи кон потенцијална замена. Станува збор за крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуша Кубо.
22-годишниот јапонски репрезентативец помина четири години во академијата на Барселона, пред да се пресели во големиот ривал Реал Мадрид во 2019 година. Никогаш не успеа да дебитира за „кралевите“, кои го позајмија на Мајорка, Вилјареал и на Хетафе. Минатата сезона Реал Сосиедад го ангажираше за 6,5 милиони евра. Оттогаш, тој се претстави одлично и има 15 гола и 13 асистенции во 67 натпревари за тимот од Сан Себастијан.
Наполи летото даде понуда од 30 милиони евра за Кубо, но понудата беше одбиена. Јапонецот има договор со Реал Сосиедад до летото 2027 година, а според шпанските медиуми во неговиот договор има ослободителна клаузула во висина од 60 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
