
Легендата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, смета дека градскиот ривал Манчестер Јунајтед не смее да биде „заборавен“ меѓу кандидатите за шампионската титула. Оваа негова изјава секако не им се допадна на фановите на „граѓаните“.
По 17 одиграни кола во англиската Премиер – лига, на табелата води Арсенал со 39 бодови. По еден бод помалку имаат Ливерпул и Астон Вила, а шампионот Манчестер Сити има 34 бода.
Иако во моментов има три тима над „граѓаните“, легендата на Етихад, Серхио Агуеро, не ги гледа како најголеми закани за титулата. Тој предупредува на два клуба, кои моментно се петтопласирани и седмопласирани на табелата.
„Никогаш не можете да го потцените Манчестер Јунајтед во овој момент од сезоната. Тие се една од најголемите закани за титулата на Манчестер Сити. Исто така, мислам дека и Тотенхем може да се бори за титулата бидејќи под Постекоглу изгледаат многу подобро“, изјави Серхио Агуеро на изненадување на многумина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
