
Организаторите на Суперлигата, натпреварувањето кое според иницијаторите, Реал Мадрид и Барселона, треба да биде иднината на клупскиот европски фудбал, го доби спорот пред Европскиот суд, кој донесе одлука дека УЕФА и ФИФА не смеат да ги казнуваат клубовите доколку се организираат во ново самостојно натпреварување.
„Го добивме правото да се натпреваруваме, ова е крај на монополот што УЕФА досега го имаше во фудбалот. Фудбалот е слободен, клубовите веќе не треба да стравуваат од казни и можат самите да си ја одредат иднината“, се вели во соопштението на А22 Спортс, конзорциумот кој правно зад идејата за фудбалска Суперлига.
Ова дава друга димензија на комплетниот фудбал, дека УЕФА и ФИФА веќе немаат монопол на фудбалската игра, посебно не на клубовите кои сакаат да создадат ново големо европско натпреварување.
Се очекува оваа судска пресуда сега да биде почеток на воскреснување на идејата за Суперлигата. Од друга страна, Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, паралелно водеше преговори со голем број клубови во Европа кои би застанале зад неговата идеја и би биле дел од новото натпреварување, каде рамномерно ќе се дели колачот од ТВ правата и заработката за клубовите ќе биде многу поголема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
