
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, проговори за претстојниот дуел на „кралскиот клуб“ против тимот на Алавес од 18. коло на шпанската Ла Лига. Стратегот ја сподели желбата неговиот тим да ја заврши календарската година на првото место во поредокот, а даде информации и за повредите во составот.
„Сакаме да го задржиме добриот моментум што го имавме во последните неколку натпревари, да ги освоиме трите бода и да ја завршиме оваа кампања во 2023 година на високо ниво. Ова е многу тежок период од сезоната. Морам да им се заблагодарам на играчите што го извлекоа на одличен начин. Не дека правиме нешто извонредно, но тоа што го прави овој тим во ваков тежок период е посебно. Имаме проблеми со повреди. Скинати вкрстени лигаменти на коленото (на Алаба) е страшна повреда. Не можете да го спречите тоа. Оваа повреда ја добиваа играчите кои немаа никакви проблеми со коленото. Ова е нешто што не можете да го контролирате. Се разликува од повредите на мускулите кои можат да бидат предизвикани од замор. Да видиме што ќе се случи во вториот дел од сезоната. Во март или април би можеле да помислиме дека Милитао или Куртоа би можеле да се вратат ако се биде добро со нивното закрепнување“, истакна Анчелоти.
Реал Мадрид е второпласиран на табелата во Ла Лига со 42 бода, два помалку од лидерот Џирона која вечерва му гостува на Бетис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
