
Пари Сен Жермен оствари триумф (3-1) над Мец и со пет бода предност пред Ница ќе ја стартува 2024 година, во трката за нова шампионска круна во Франција. Килијан Мбапе на најдобар можен начин го прослави 25. роденден, постигнувајќи два гола на овој меч.
Во листата на стрелците се запиша и Витиња, кој го отвори резултатот во 49.минута, додека за Мец стрелаше Метие Удол.
Ница исто така славеше победа (2-0) против Ленс. Двоен стрелец беше Терефас Мофи.
Монако е на третата позиција, со седум бода негатива во однос на ПСЖ. „Кнезовите“ на гости го победија Тулуз со 1-2. Висам Бен Једер беше двоен стрелец за Монако.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
