
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да го доведе играчот од средниот ред на Евертон, Амаду Онана. 22-годишниот Сенегалец има одлична сезона за „карамелите“ и тоа не остана незабележано. Арсенал внимателно ги следи неговите настапи и го идентификува како потенцијална замена за Томас Парти.
30-годишниот Парти го загуби стартното место во тимот на Микел Артета, а причина за тоа се повредите кои го прогонуваат. Тој одигра само пет натпревари од почетокот на сезоната, па на „Емирати“ веќе решија да се разделат со него и чекаат понуди.
Во исто време, Евертон не гори од желба да остане без Онана. Сепак, клубот може да се согласи на негова продажба доколку добие доволно сериозна понуда за да ја ублажи тешката финансиска состојба во која се наоѓаат „карамелите“.
Во меѓувреме, Арсенал таргетираше и други играчи доколку не се постигне договор за Онана. Меѓу нив се Даглас Луиз и Џејкоб Ремзи од Астон Вила.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
