
Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе го пропушти претстојното издание на Копа Америка во САД поради тешката повреда на коленото со која се здоби во октомври. Ова го соопшти познатиот бразилски лекар Родриго Ласмар.
31-годишниот напаѓач на Ал-Хилал ги скина вкрстените лигаменти на левото колено за време на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај за СП на 17 октомври. Две недели подоцна, тој беше опериран и моментално се опоравува.
„Сѐ уште е рано за него. Нема смисла тој да ги прескокне фазите од неговото закрепнување рано и да презема непотребни ризици. Нашите очекувања се дека тој ќе биде подготвен за стартот на новата сезона во Европа, што значи месец август“, прокоментира докторот на Нејмар.
„Мораме да бидеме трпеливи. Да се зборува за враќање порано од девет месеци по повредата е пребрзо. Многу е важно да се земе предвид биолошкото време при вакви повреди. Времето за кое телото ги репродуцира овие врски. Ако ги следиме сите овие чекори и по долго опоравување, очекувањата се дека повторно ќе може да игра на високо ниво“, изјави Родриго Ласмар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
