
Атлетико Мадрид од 38.минута играше со фудбалер помалку, па иако имаше водство од 3-1, на крајот освои само бод на домашен терен против Хетафе. Гостите стигнаа до бод со голот од пенал на Борха Мајорал во 93.минута од мечот.
BORJA MAYORAL 🤍pic.twitter.com/fkBCN6kmMj
— Kay | Snapchat & IG Ads (@Emini_Sir_Kay) December 19, 2023
Стефан Савиќ беше исклучен поради два жолти картони, но Гризман донесе водство за Атлетико Мадрид во 44.минута. Борха Мајорал израмни на почетокот од вториот дел, а потоа Мората и Гризман се погрижија домаќинот да има два гола предност (3-1).
Но, и тоа не беше доволно. Хетафе намали преку Оскар Родригез, а Борха Мајорал донесе бод.
Севилја со Кике Санчез Флорес на кормилото одигра одличен натпревар на гости против Гранада и славеше со 0-3. Педроса, Окампос и Серхио Рамос беа стрелци за Севилја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Алисон Бекер ги напушти подготовките на Ливерпул

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
