
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, го коментираше заморот на играчите поради згуснатиот фудбалски календар. Пред неколку дена се дозна дека во 2025 година Светското клупско првенство ќе трае еден месец поради учество на 32 клуба. Поради ова, некои играчи можат да одиграат повеќе од 80 натпревари во една сезона.
„Се обидуваме да ја завршиме нашата работа, но вистината е дека бројот на натпревари што ги играме сега, а уште повеќе со новите натпреварувања е малку луд. Фудбалерите не мируваат доволно и ризикот од повреди значително се зголемува.
Со толку многу средби, играта ќе го изгуби интензитетот. Светското клупско првенство е врвен турнир, не се жалам, но со овој напорен распоред тешко е да останете фит и да ја имате потребната енергија.
Нема да лажам, понекогаш се чувствувам уморен. Играме на секои три дена, без пауза. Немаме Божиќ, немаме лето. Но, ова е цената што треба да ја платите за да играте во врвен клуб и да се борите за сите титули. На крајот на краиштата, нашиот сон беше да играме на ова ниво“, изјави Бернардо Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
