
Фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, најверојатно нема да игра до крајот на оваа година. Аргентинецот се повреди на мечот со Шефилд Јунајтед (2-0) и по пропуштањето на средбите со Кристал Палас (2-1), Ројал Унион Сен Жил (1-2) и Манчестер Јунајтед (0-0), се надеваше дека ќе биде подготвен за дербито на врвот против Арсенал претстојниот викенд.
Сепак, многу веројатно е дека Мекалистер нема да биде достапен за пресметката со „топчиите“, како и за останатите натпревари околу напорниот празничен период.
„Црвените“ в среда играат со Вест Хем Јунајтед во Лига купот, а по дербито со Арсенал, на Боксинг деј имаат натпревар против Барнли. Аргентинскиот играч за врска најверојатно нема да биде достапен ниту за овој натпревар.
Надежта е дека на крајот ќе биде подготвен за дуелот против Њукасл на 1 јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
