Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, даде свое мислење за претстојниот дуел на неговиот тим против Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Тоа ќе бидат големи натпревари на две екипи со високо ниво, на прекрасни стадиони и со многу публика“, воодушевен е тренерот на „нероаѕурите“.
„Сега, сепак, треба да се концентрираме на следниот месец. Ќе одиграме важни натпревари во Серија А, како и Купот и Суперкупот на Италија. После тоа ќе размислуваме како да ги подготвиме овие два големи натпревари – ќе бидат тоа жестоки битки, ќе бараме начин да бидеме подготвени“, истакна Симоне Инзаги.
„Среќни сме бидејќи продолжуваме да играме големи натпревари во Европа без прекин. Атлетико Мадрид играше две финалиња во последните десет години и има голема традиција во ЛШ. Нашиот тим не е послаб и ќе се обидеме да им донесеме поголема радост на нашите навивачи. Тренер на Атлетико е Диего Симеоне, голем стратег со кого имам одлични односи. Со него освоивме многу, вклучително и титула со Лацио“, се сеќава Симоне Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal