Connect with us

ЛЕ: Рома повторно налета на Феенорд, Милан на мегдан со Рен

Италијанскиот калочолигаш Рома повторно ќе игра против Феенорд, овојпат во нокаут фазата од Лига Европа, второто најсилно европско натпреварување.


Милан за ривал го доби Рен, а Бенфика ќе се сретне со Тулуз.

Натпреварите од оваа рунда од натпреварувањето се закажани за 15 и 22 февруари, додека осминафиналето на 7 и 14 март.

Од осминафиналето се приклучуваат победниците во групите на Лига Европа: Вест Хем, Брајтон, Ренџерс, Аталанта, Ливерпул, Вилјареал, Славија Прага и Баер Леверкузен.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 11 и 18 април, полуфиналните натпревари се закажани за 2 и 9 мај, додека финалето е закажано за 22 мај на стадионот Авива во Даблин.

ДВОЈКИ, ЛИГА ЕВРОПА – Плејоф

Феенорд – Рома

Милан – Рен

Ленс – Фрајбург

Јанг Бојс – Спортинг Лисабон

Бенфика – Тулуз

Брага – Карабах

Галатасарај – Спарта Прага

Шахтјор Доњецк – Олимпик Марсеј

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови