
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, упати жестоки критики кон фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк за неговата изјава по дербито на „Енфилд“ кое заврши без голови.
Ван Дајк истакна дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед се радувале на бод, додека Ливерпул жали што освоил само еден бод.
„Очигледно е дека од него излегува ароганција, кога може така да го омаловажува Манчестер Јунајтед. Треба некој да го потсети дека игра за клуб кој освои една титула во последните 33 години. Манчестер Јунајтед е во тешка ситуација, токму како што беше и Ливерпул долго време, па оваа ароганција може да му се одбие од глава. Една титула во 33 години? Рече дека играчите на Јунајтед биле презадоволни поради бодот и дека само една екипа излегла на теренот да игра фудбал. Да, доаѓав на „Енфилд“ многу пати со Јунајтед кога Ливерпул беше во тешка ситуација и бев пресреќен со реми. Суштината е дека најважен е резултатот“, изјави Кин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?
