
Ливерпул не успеа да победи во дербито од 17. коло на Премиер – лигата против Манчестер Јунајтед и го предаде првото место на табелата на Арсенал, кој го доби својот натпревар против Брајтон. Дефанзивецот Вирџил ван Дајк го изрази своето разочарување по средбата со „црвените ѓаволи“.
„Ќе продолжиме понатаму, но овој резултат е разочарувачки бидејќи бевме подобри во сите аспекти. Тие се задоволни со бод, а ние сме разочарани затоа што освоивме само бод. Очигледно противникот не е во најдобра ситуација, но моравме да победиме на овој натпревар. Мораме да учиме од одредени ситуации и знам дека ќе научиме. Минатата сезона немавме добро чувство пред натпреварот со Манчестер Јунајтед, но го добивме тој натпревар убедливо, но сега е нова сезона и тоа не се брои“, изјави Ван Дајк по натпреварот.
Арсенал е лидер на табелата во Премиер-лигата со 39 бода, а потоа следуваат Ливерпул и Астон Вила кои досега освоија по 38 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
