Реал Мадрид го декласира Вилјареал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-1 и се искачи на првата позиција на табелата во Ла Лига со 42 бода, еден повеќе од Џирона, која утревечер го пречекува Алавес. Дамка на триумфот секако остави повредата на Давид Алаба, кој го напушти теренот во првото полувреме, а на негово место влезе Начо.
Џуд Белингам го отвори резултатот во 25.минута со удар со глава по неверојатната асистенција на Лука Модриќ. Родриго зголеми на 2-0 во 37.минута.
Моралес во 54.минута постигна гол за Вилјареал, но десет минути подоцна Брахим Дијаз со соло продор успеа да врати два гола предност за „кралевите“.
Одличната игра со гол ја круниса и Лука Модриќ во 68.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













