
Богатите клубови од Саудиска Арабија следното лето ќе достават уште една понуда да ја придобијат големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах. Пред неколку месеци, Ал-Итихад предизвика вознемиреност на „Енфилд“ со неверојатна понуда од 200 милиони фунти за Египќанецот на крајот од преодниот рок, на која Ливерпул на крајот успеа да одолее.
Откако инвестираа 750 милиони фунти во нови играчи во последниот преоден рок, трошењето на саудиските клубови ќе биде малку ограничено следната година поради различни комерцијални зделки во следните 18 месеци, но Салах се смета за исклучок.
31-годишниот напаѓач се смета за уште поважна трансферна цел за Саудијците од Кристијано Роналдо, кој веднаш имаше огромно влијание кога му се приклучи на Ал-Наср по заминувањето од Манчестер Јунајтед пред 12 месеци. Причината е што Салах е икона на целиот арапски свет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
