
Англискиот премиерлигаш Арсенал зимава дефинитивно ќе купи уште еден напаѓач. Менаџерот Микел Артета смета дека му треба уште еден напаѓач за да се бори на сите фронтови, а прва цел е – Иван Тони. Сепак, Брентфорд за својот играч бара дури 70 милиони евра, па не е исклучено Артета да се сврти и кон други цели.
Тоа би можел да биде Доминик Соланке, пишуваат медиумите на Островот.
Напаѓачот на Борнмут блесна оваа сезона, постигна девет гола и го привлече вниманието на поголемите клубови.
Има 26 години, интересно, порасна во академијата на Челси, од која на 20 години како слободен играч пристигна во Ливерпул.
Сепак, тој никогаш не доби вистинска шанса ниту во Ливерпул, па зимата 2019 година се пресели во Бурнмут за 21 милион евра.
За овој клуб одигра 193 натпревари, постигна 65 гола и запиша уште 28 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
