Англискиот репрезентативец Калвин Филипс сигурно ќе го напушти Манчестер Сити во јануари. Играчот од средниот ред сака да се пресели во тим каде што ќе добие поголема минутажа за да може да конурира за тимот на Англија за УЕФА ЕВРО 2024.
Само неколку дена пред отворањето на јануарскиот преоден рок, се појави неочекуван кандидат за потписот на Филипс – градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да достават понуда од 20 милиони фунти за Калвин Филипс, но тоа ќе се случи само доколку сер Џим Ретклиф го преземе клубот.
Англискиот милијардер е голем обожавател на Калвин Филипс и тој би бил една од трансферните цели на „црвените ѓаволи“ доколку се оствари договорот за стекнување на малцински удел на „Олд Трафорд“.
28-годишниот Филипс не започна ниту еден натпревар за Манчестер Сити како стартер оваа сезона и од почетокот на сезоната одигра само 89 минути во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













