Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го прокоментира ремито (1-1) против Валенсија, што е уште еден погрешен чекор на Каталонците во Ла Лига. Според него, каталонскиот тим требало да победи и има разочарување по новите загубени бодови.
„Заслуживме да победиме. Игравме многу добро и направивме сѐ што беше потребно за да победиме. Создадовме доволно шанси за победа. Требаше да бидеме многу посилни на противничката половина, но на крајот загубивме два бода. Ако има една работа на која треба да се фокусираме, тоа е ефикасноста. Не можеме да простиме такви пропусти. Мора да бараме повеќе од себе. Разочаран сум бидејќи мислам дека овој натпревар требаше да се добие. Сакам да бидам позитивен дека ќе бидеме подобри“, изјави Чави.
Барселона се наоѓа на третата позиција со 35 бода, четири помалку од Реал Мадрид и шест помалку од Џирона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













