Македонскиот прволигаш АП Брера Струмица за нов шеф на стручниот штаб го именуваше Бојан Круљ од Србија, откако пред недела време спогодбено се раздели со италијанскиот стратег Валенти.
Круљ има 36 години и е млад и перспективен тренер. Има искуство во работата со млади категории во белградски Вождовац и Синѓелич, а како асистент тренер во сениорски тимови има работени во српските прволигаши Инџија и Вождовац.
„Моите први впечатоци се одлични. Она што беше привлечно за мене беше мултинационалниот проект „Брера“ што Горан ми го презентираше и тоа ме привлече да дојдам во мак – фудбалот и да оствариме добри резултати. Во разговар со претседателот на клубот Горан Пандев, целта ни е да се обезбеди подобар пласман на табелата. Екипата има потенцијал но она што е важно дека мора да играме натпреварувачки и да остваруваме и добри резултати. Имаме план за нови засилувања кои се потребни за следната сезона“, изјави Бојан Круљ по претставувањето.
Претседателот на клубот Горан Пандев му посака добредојде на новиот стратег и му го покажа спортскиот центар „Пандев“ каде Брера ги игра натпреварите од Првата лига. Го прошета по клупските простории и ја презентираше неговата визија за овој спортски центар.
„Му посакав добредојде на новиот тренер кој екипата ќе ја предводи за вториот дел од сезоната. Се надевам дека ќе го поправиме впечатокот за разлика од оваа есенска етапа и ќе бидеме подобро позиционирани на прволигашката табела. Бојан е млад и перспективен, жеден за нови докажувања и верувам е дека ќе успееме во зацртаното за вториот дел од годинашнава сезона“, истакна Пандев.
Бојан Круљ како шеф на стручниот штаб ја предводеше екипата на ИМТ од Белград со која оствари одлични резултати и влезе во бараж за пласман во Супер лигата на Србија каде денес настапува овој клуб, додека во Босна го предводеше тимот на Рудар од Приједор со кој на почетокот на оваа сезона направи одлична серија од 6 победи и две нарешени натпревари и го стави клубот на првото место во Првата лига на Република Српска.
Прв соработник на Круљ ќе биде Душан Дошљак тренер кој соработуваше со негов во претходната два ангажамани во ИМТ и Рудар. После паузата веднаш по Новогодишните празници Круљ ќе га има првата прозивка со што ке почнат подготовките за вториот дел од сезоната ко ќе се реализираат во Струмица и во Анталија, Турција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski