Дефанзивецот на Волфсбург, Максенс Лакроа, од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е назначен како потенцијална замена за Жоел Матип, кој заработи сериозна повреда на коленото и најверојатно нема да игра до крајот на оваа сезона. 23-годишниот Французин, кој е поранешен младински репрезентативец на својата земја, нема скапо да ги чини „црвените“ и би можел да биде доведен за околу 30 милиони фунти.
Неговиот договор истекува на крајот на следната сезона и поради оваа причина германскиот клуб претпочита да го продаде сега и да ја добие споменатата сума.
Така, Клоп повторно ќе го сврти вниманието кон Бундес-лигата. Матип исто така пристигна оттаму одамна. Од германската елита дојдоа и Ибрахима Конате, Доминик Шобошлаи и Ватару Ендо.
Една од предностите на Лакроа е тоа што освен како централен дефанзивец, може да игра и како десен бек и со тоа да биде алтернатива на Трент Александер-Арнолд, кој сѐ почесто се појавува во средниот ред.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













