Повредите во Реал Мадрид продолжуваат со полна сила, откако денеска „кралскиот клуб“ објави дека Дани Карвахал е најновиот играч на тимот кој е повреден.
Според соопштението, на 31-годишниот десен бек му биле извршени медицински тестови кои откриле дека има повреда на мускулот на левата нога.
Се очекува Карвахал да биде надвор од терените 3-4 недели, а планот е да се опорави за натпреварите од Суперкупот во јануари.
Тој започна како стартер викендот против Гранада (2-0), но на паузата беше заменет од Лукас Васкез.
Карвахал е уште еден играч во тимот на Карло Анчелоти кој ќе биде во „амбуланта“. Повредени се и Тибо Куртоа, Винисиус Жуниор, Едер Милитао, Едуардо Камавинга, Аурелиен Чуамени и Арда Ѓулер, а полесно е повреден и Лука Модриќ. До неодамна надвор од терените беа и Џуд Белингам и Кепа Аризабалага.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













