
Давид де Хеа сѐ уште е без клуб, а би можел на изненадувачки начин да се врати во Премиер лигата. Тој би можел да потпише експресно за Њукасл.
Шпанскиот голман го напушти Манчестер Јунајтед кога летово по 12 години му истече договорот. Тој пристигна во Јунајтед во јули 2011 година за 25 милиони евра од Атлетико Мадрид и долги години беше еден од најдобрите голмани во Премиер – лигата и Европа. Тој играше 545 пати за Јунајтед и 45 пати за Шпанија.
Оваа зима Де Хеа би можел да заврши во Њукасл, пишува „Скај“. Премиерлигашот остана без првиот голман Ник Поуп (29), кој тешко го повреди рамото во победата над Манчестер Јунајтед (1-0) минатиот викенд. Поуп најверојатно ќе отсуствува до крајот на сезоната, па Њукасл итно треба да најде нов голман. Менаџерот Еди Хау во моментов ги има Мартин Дубравка и Лорис Кариус, но јасно е дека Чехот и Германецот не се фаворити за прв голман на „чавките“.
Де Хеа може веднаш да потпише за Њукасл бидејќи нема клуб, па не мора да го чека почетокот на преодниот рок во јануари. Тој одби неколку понуди во последниве месеци, вклучувајќи ја и онаа од Саудиска Арабија, од тимот на Ал-Наср. Не сакаше да оди во Саудиска Арабија, а имаше комбинации во кои требаше да оди во Реал Мадрид и во Баерн Минхен. На крајот би можел да направи големо враќање во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
