Connect with us

Гвардиола за скандалозната одлука на судијата: Дајте друго прашање, не сум ви јас Микел Артета

Манчестер Сити и Тотенхем ремизираа 3-3 во дербито од 17. коло од Премиер – лигата. Стрелци за Манчестер Сити беа Фил Фоден, Џек Грилиш и Хјонг-Мин Сон, кој си постигна автогол. Еден од погодоците за Тотенхем го постигна Сон, а другите два Џовани Ло Селсо и Дејан Кулушевски.


По натпреварот најмногу се зборува за неверојатната грешка на судијата Сајмон Хупер. Имено, тој направи груба и несфатлива грешка во судиското продолжение на вториот дел и во голема мера го оштети Манчестер Сити, и тоа на необичен начин – досудувајќи прекршок за него.

Сити тргна во перспективен контранапад и имаше шанса да постигне гол за 4-3. Родри го проигра Халанд кој по еден дуел со Емерсон Ројал успеа да одржи рамнотежа и да ја продолжи акцијата. Судијата ја подаде раката и покажа дека пушта предност за Сити, а Халанд го проигра Грилиш кој тргна „еден на еден“ со голманот.

А потоа шок за играчите на Сити. Хупер се огласи и сепак ја врати акцијата на претходниот фаул и со тоа му уништи голема можност на Сити. Фудбалерите на Сити ги загубија нервите и го опколија. Халанд целосно полуде, реагираше и Гвардиола, но враќање назад немаше.

По натпреварот новинарите побараа коментар од тренерот на Сити за скандалозната судиска грешка. Тој даде одговор кој стана вирален.

„Ентони Тејлор беше четвртиот судија. Знаете, господарот и командантот кој знае сè за оваа работа не можеше да ми каже ништо за тоа зошто не ни беше дозволена предност при акцијата. Но, дајте ми го следното прашање, нема да бидам како Артета“.

Гвардиола мислеше на реакцијата на тренерот на Арсенал, инаку негов голем пријател и поранешен помошник, по неодамнешниот пораз на „топчиите“ од Њукасл во дербито.

Противникот славеше со многу сомнителен гол, а Артета го прокоментира вака:

„Неверојатно! Како е можно да се признае ваков гол во Премиер – лигата, за која велиме дека е најдобра во светот. Во оваа земја сум 20 години и сега се срамам. Ова не е гол, ова е апсолутен срам. Тоа не е гол. Се чувствувам лошо, така. Ми се гади што сум дел од сето ова“.

Сепак, Гвардиола ја прокоментира ситуацијата.

„Тешко е кога ќе ја погледнете снимката. Судијата реши да досуди фаул откако пушти предност. Свиреж откако е дозволено акцијата да продолжи при додавање за гол… Јас не разбирам…“

Тој се осврна и на реакцијата на Халанд.

„Неговата реакција е нормална. Тој е малку разочаран. Дури и судијата, доколку играше за Манчестер Сити, би бил разочаран од таа одлука”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови