
Ливерпул стигна до триумф (4-3) против Фулам на „Енфилд Роуд“ иако во 87.минута имаше негатива од 2-3. Но, „црвените“ успеаја во „луд“ финиш да израмнат со голот на Ендо, а потоа постигнаа и победнички погодок преку Трент Александер-Арнолд.
Трент беше стрелец и на првиот гол на натпреварот во 20.минута, а израмни Хари Вилсон пет минути подоцна.
Мекалистер постигна прекрасен гол за водство на Ливерпул, но Тете не дозволи Фулам да губи на полувреме.
Де Кордова-Реид во 80.минута се погрижи Фулам да има водство на „Енфилд“, но Ливерпул не дозволи да загуби бодови.
Интересно беше и на „Стемфорд бриџ“ каде Челси го победи Брајтон со 3-2. Енцо Фернандез и Колвил донесоа предност од 2-0 за Челси, намали Буонаноте, а во 45.минута Галахер доби црвен картон и Челси остана со десетмина.
Енцо Фернандез од пенал во 65.минута зголеми на 3-1, а Жоао Педро намали во 92.минута.
Вест Хем и Кристал Палас одиграа 1-1, а Борнмут и Астон Вила ремизираа 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
