Connect with us

Убиен навивач на Нант

Навивач на францускиот прволигаш Нант беше убиен во саботата во судир со навивачите на Ница пред натпреварот во францускиот шампионат. Нант објави дека еден од нивните навивачи бил избоден повеќе пати. Лекарите се обиделе да му помогнат, но не успеале и тој сепак починал.


Угледниот француски спортски весник „Л’Екип“ пишува дека тој бил член на „Бригада Лоара“, злогласната навивачка група на Нант која ги собира најжестоките навивачи.

Клубот соопшти дека починатиот навивач имал 31 година и дека бил прободен од зад грб.
Истрагата е во тек. Натпреварот заврши со победа на Нант од 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови