Connect with us

Вардар со песна се враќа од Ѓорче Петров

Вардар ја прекина серијата од четири последовни порази и успеа да слави важен триумф (0-1) на гости во првиот натпревар од 17. коло во Првата фудбалска лига. „Црвено-црните“ вторпат ја совладаа Македонија ЃП и ги зголемија надежите за опстанок во елитата.

Стрелец на победничкиот гол за Вардар беше Михајло Милосавиќ, кој во 35.минута реализираше по центаршутот на Здравковски од десната страна.

Македонија ЃП одигра лош натпревар и не успеа да стигне до израмнување до крајот на дуелот. Милосавиќ во 86.минута ја погоди гредата од голот на „лавовите“.

Останатите натпревари од 17.коло во Првата лига се играат утре.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови