Connect with us

Поради снежни врнежи одложен мечот Баерн Минхен – Унион Берлин

Одложен е натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Унион Берлин од 13. коло во Бундес – лигата, објавија германските медиуми. Натпреварот требаше да се одигра денеска од 15:30 часот на „Алијанц Арена“.


Причина за одлуката се обилните снежни врнежи во Минхен во последните часови.

Авионските летови, како и јавниот превоз денеска нема да бидат во функција најмалку до 12 часот, што го отежнува доаѓањето до стадионот. Со оглед на тоа, одлуката за одложување на натпреварот дојде прилично брзо, пишува „Билд“.

Сѐ уште не е јасно кога ќе се одигра натпреварот меѓу двата тима.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови