
Лионел Меси призна дека му бил лут на Роберт Левандовски на натпреварот меѓу Аргентина и Полска на Светското првенство во Катар и дека тоа е причината поради која често барал директен дуел со него на теренот за време на мечот. Аргентина ја победи Полска со 2-0 и се пласираше на првото место во групата Ц во осминафиналето на Светското првенство, кое на крајот го освоија.
Меси и Левандовски имаа неколку дуели на таа средба.
За паметење е реакцијата на Меси откако полскиот напаѓач го запре со прекршок.
Левандовски веднаш се извини, но Меси одби да се ракува со него не сакајќи да го прифати извинувањето. Во интервју за „ESPN“, тој откри што се случило тој ден.
Во позадина на сѐ е изјавата на Меси за Левандовски од доделувањето на „Златната топка“ во 2021 година. Наградата не беше доделена претходната година поради коронавирусот, а општиот впечаток беше дека тоа го заслужи Полјакот, кој постигна 41 гол и асистираше уште седум за Баерн на 29 натпревари таа сезона.
Една година подоцна Меси повторно ја освои, а во својот говор кажа колку му се восхитува на постигнувањето на Левандовски и истакна дека сите мислат дека Полјакот го заслужил тоа за претходната година. Меѓутоа, кога беше изборот на наградата „The Best“, Меси не гласаше за Левандовски.
„Ми пречеа неговите зборови бидејќи искрено го кажав тоа што го чувствувам. Ме повреди и бев лут. Затоа го игнорирав и продолжив да го дриблам. Тој не требаше да го каже тоа”, објасни Меси и додаде дека имаат оттогаш расчистиле сè и ги поправиле односите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона
