Connect with us

Може ли Вардар да го освои Ѓорче Петров?

Македонија ЃП и Вардар денеска (13 часот) на стадионот во Ѓорче Петров го отвораат 17.коло од Првата фудбалска лига. Вардарци се во незавидна ситуација на дното и очајно им се потребни бодови, а и „лавовите“ досега имаат лоша сезона и ќе сакаат во финишот барем малку да го подобрат впечатокот.

Младиот напаѓач на Македонија ЃП, Никола Величковски, се надева дека неговиот тим ќе ги освои трите бода.

„Ние како тим имаме почит за најтрофејниот македонски клуб, но одиме на три бода пред домашната публика со борба и мотивација за нова победа. На првиот натпревар дадов гол, се надевам и верувам дека и денеска ќе постигнам гол и ќе победиме“, изјави Величковски.

Останатите натпревари од 17.коло се играат утре.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови