Connect with us

Клоп: Претстои најтешкиот период од сезоната

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го коментираше претстојниот натпревар против Фулам на „Енфилд“ и преполниот распоред што претстои. Со доаѓањето на месец декември, екипите од Премиер – лигата влегуваат во најинтензивен период кој е од големо значење за целата сезона.


„Го гледав последниот натпревар на Фулам и она што го видов беа многу креативни моменти. Мораме да се погрижиме да ги искористиме нашите можности. Марко е врвен менаџер. Не би рекол дека добија повеќе отколку што заслужија минатата година. Исклучително добро поминаа и така е и сега. Тоа е навистина добро заокружен тим. Раул Хименез сега игра напред, Карлос Винисиус е таму, а Вилијан е еден од најголемите играчи кои играле во Премиер – лигата. Го имаат и Андреас Переира. Ова е посебен тим, а стадионот е мал и може да се создаде вистинска атмосфера. Имавме проблеми таму, но сега играме дома и мораме да им ги отежниме работите исклучително“, изјави Јирген Клоп.

Поради повреда Алисон Бекер нема да биде на голот.

„Келехер е целосно подготвен да биде број 1. Тоа го гледаме секој ден на тренинзите. Тој е извонреден талент. Многу фокусиран тип и нема да го видите во кафеана како прославува дека не прими гол на натпреварот против ЛАСК. Му верувам“, потенцира менаџерот на Ливерпул.

„Не сум сигурен дали можеме постојано да правиме ротации. Зависи и од тоа кој е достапен. Вчера имавме можност да направиме неколку. Но, кога губиме, како што беше против Тулуз, луѓето велат дека имало премногу промени. И самиот тогаш мислев дека нема ритам во нашата игра. Кога заврши натпреварот, се запрашав дали тоа е вистинската одлука. Проблемот е што тогаш веќе сѐ е готово. Мораме да ротираме додека можеме. Доаѓа најтешкиот период во фудбалот. Така е за сите тимови. Така сите ќе играат“, заклучи Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови