Connect with us

Ливерпул го бендиса Дониел Мален од Борусија Дортмунд

Ливерпул размислува за летен трансфер за асот на Борусија Дортмунд, Дониел Мален. 24-годишниот крилен напаѓач импресионираше со своите игри за германскиот бундеслигаш во последните месеци. Токму тоа го привлече вниманието на Јирген Клоп, кој сака да го доведе во својот тим, објави „Билд“.


Според информациите, Ливерпул долго време е заинтересиран за Мален, кој првпат беше забележан пред две и пол години. Сепак, крилниот напаѓач тогаш се одлучи да потпише за Борусија Дортмунд наместо со „црвените“. Сепак, тој сега е во врвот на својата кариера и можеби ќе одлучи дека е време да си ја проба среќата во Премиер – лигата.

Од доаѓањето во Борусија Дортмунд, Мален има одиграно 91 натпревар, 24 гола и 16 асистенции. За репрезентацијата на Холандија има 28 настапи и пет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови