Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, го прокоментира ремито без голови на Баварците со екипата на ФК Копенхаген. Сигурен учесник во осминафиналето е германскиот првак, кој на мечот со Данците првпат загуби бодови од почетокот на групите.
„Не сме задоволни од играта. Посебно како напаѓач, лут сум што не успеавме да постигнеме гол. Не ризикувавме доволно. Можевме да постигнеме гол во првото полувреме. Создадовме неколку добри шанси, но не е така лесно против толку длабок блок. Противникот се бранеше со сите сили, тие се многу добри во тоа. Моравме да ризикуваме, да бидеме подготвени да ја загубиме топката, но се чини дека не бевме подготвени за тоа“, изјави Томас Милер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













