Актуелниот шампион Струга Трим Лум го победи Вардар со 1-3 на комплексот на ФФМ и ги следи Шкупи и Шкендија кои се на врвот. Шкупи ремизираше без голови против Гостивар на стадионот „Младост“ во Струмица, а Шкендија го победи Работнички со 2-0.
Зѓуро и Таири брзо обезбедија водство од 0-2 за Струга ТЛ против Вардар, а „црвено-црните“ намалија од пенал со голот на Михајло Милосавиќ во 32.минута. Басиру Компаоре во 62.минута постигна трет гол за стружани и го реши мечот.
Шкендија славеше против Работнички со 2-0. Стрелец на победичкиот гол беше Аденис Шала во 59.минута, откако со глава погоди по асистенцијата на Чинари. Пет минути подоцна, Гандо Биала го погоди дирекот од голот на Шкендија. Во судиското продолжение, Емур Тотре постигна втор гол за Шкендија.
Брера повторно не успеа да стави крај на долгата серија без победа и ремизираше 1-1 против Брегалница. Матеј Цветановски беше стрелец на водечкиот гол за Брера во 45.минута. Тој од голема далечина се одлучи на удар, и го изненади гостинскиот голман Давков. Но, во судиското продолжение, Роналдо Вебстер успеа да израмни и да донесе бод за штипјани во Струмица.
Тиквеш ја декласира Воска на гости со 0-3. Иван Ивановски беше двоен стрелец за кавадаречкиот тим, а погоди и Едиз Спахиу. Воска цело полувреме играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Јашароски.
Македонија ЃП го победи Силекс со 1-0, со голот на Самир Фазли во 83.минута од натпреварот.
ПРВА ЛИГА, 16.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-3
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-0
ГОСТИВАР – ШКУПИ 0-0
БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1-1
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-3
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski