Ерлинг Халанд продолжува да се етаблира како фудбалер кој урива рекорди во европскиот фудбал. Тој сега го собори рекордот за најбрзи 40 гола во Лигата на шампионите, што успеа да го постигне на само 35 натпревари.
Со ова тој надмина фудбалска икона како Руд ван Нистелрој, кој го постигна својот 40. гол по 45 натпревари во „турнирот на богатите“. Претходната млада сензација, Килијан Мбапе, тоа го направи по 59 меча, а легенди како Меси и Левандовски само во 61 меч.
Освен тоа, Халанд го надмина Мбапе и во уште еден аспект, го постигна својот 40. гол на 23 години и 130 дена и стана најмлад фудбалер со такво постигнување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













