
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, го прокоментира ремито (1-1) на неговиот тим против Њукасл во мечот од петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Парижаните беа блиску до пораз, но успеаја да извлечат реми во судиското продолжение токму по одлично изведениот пенал на Мбапе.
„Тоа е разочарувачки, на натпревар од Лигата на шампионите не може да имаш толку многу шанси и да не постигнеш гол. Не е прашање на структура или организација. Ние, играчите, мора да работиме. Имав можности да постигнам гол и морав да го сторам тоа, тоа е јасно. Сите видоа дека доминиравме. Да се биде прв е нашата цел. Ќе се подготвиме за победа за нашиот следен натпревар во Дортмунд“, изјави Мбапе.
На првата позиција во групата е Борусија Дортмунд со 10 бода, додека ПСЖ има седум на второто место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
