
Борусија Дортмунд го победи Милан на „Сан Сиро“ со 1-3 и обезбеди пласман во нокаут фазатаод Лигата на шампионите. Со 10 бода, германскиот тим е првопласиран, а ПСЖ го чува второто место благодарејќи на голот од пенал што го постигна Килијан Мбапе во 98.минута.
Претходно, Александер Исак во 25.минута го доведе Њукасл во водство на „Паркот на принцовите“.
Во Милано, Марко Ројс од пенал го отвори резултатот во десеттата минута, откако претходно неуспешен од белата точка беше Оливие Жиру во шестата минута. Чуквуезе во 37.минута донесе израмнување, но во второто полувреме Биное-Гитенс и Карем Адејеми го нокаутираа Милан со два гола.
Лајпциг имаше водство од 0-2 на полувреме против Манчестер Сити, но на крајот „граѓаните“ славеа со 3-2. Лоис Опенда постигна два гола за Лајпциг во првиот дел, но потоа Ерлинг Халанд, Фил Фоден и Хулијан Алварез направија целосен пресврт.
Барселона го победи Порто со 2-1. Пепе постигна изненадувачки гол за Порто, но брзо израмни Жоао Кансело. Победничкиот гол за каталонскиот тим го постигна Жоао Феликс во 57.минута.
Атлетико Мадрид го совлада Феенорд на гости со 1-3 и се пласира во нокаут фазата, а Јанг Бојс ја победи Црвена Звезда со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
