Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за состојбата на дефанзивецот Матијс де Лихт.
Холандскиот репрезентативец неодамна започна со индивидуални тренинзи откако се опорави од повредата, но шефот на Баварците е песимист за шансите на играчот да се врати на теренот пред крајот на годината.
„Состојбата на Де Лихт? Мислам дека тој нема да биде на теренот до крајот на оваа година“, изјави Тухел на прес-конференција.
24-годишниот дефанзивец се повреди на 1/16-финалниот натпревар со Сарбрикен за Купот на Германија.
Баерн ќе се обиде да го ангажира Рафаел Варан од Манчестер Јунајтед поради кадровската ситуација со централните дефанзивци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













