Женската македонска А репрезентација на 5. декември во Софија ќе го одигра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации против Бугарија.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за мечот против нашиот источен сосед ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје);
Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);
Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед);
Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед);
Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и на Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија.
Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3. декември во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski