Поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте, се договорил со раководството на клубот и следната сезона ќе се врати на чело на „бјанконерите“, тврдат италијанските медиуми.
Конте најголемите успеси ги постигна токму со Јуве. Тој освои три титули во Серија А во низа меѓу 2012 и 2014 година, а на нив додаде и два италијански Суперкупа.
Поранешниот италијански репрезентативец последен пат го водеше Тотенхем, но го напушти клубот во март оваа година. Стратегот летото ги одби понудите на Наполи и на Рома.
Актуелниот тренер на гигантот од Торино, Масимилијано Алегри сака да ја напушти функцијата на крајот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













