Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, нема да биде дел од натпреварот против Наполи во групната фаза од Лигата на шампионите поради повреда. Хрватскиот ветеран заработи повреда на тетивата на гостувањето кај Кадиз (0-3) во 14. коло од Ла Лига и беше заменет во 70. минута.
На прес-конференцијата пред натпреварот со Наполи, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, изјави дека повредата на 38-годишниот играч за врска не е многу сериозна, но нема да му дозволи да учествува во пресметката.
Хрватскиот интернационалец ќе го пропушти и домашниот натпревар против Гранада од 15. коло во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













