Голманот на Арсенал, Давид Раја, ќе се врати на голот за претстојниот дуел на „топчиите“ во Лигата на шампионите против Ленс. Голманот го пропушти последниот натпревар на неговиот тим во Премиер – лигата против Брентфорд.
Како што е познато, Раја дојде на „Емирати“ како позајмен токму од составот на „пчелите“ и не му беше дозволено да настапи на натпреварот.
Раја беше заменет со Арон Рамсдејл, но сега ќе се врати во стартниот тим на лондончани.
Натпреварот против Ленс може да биде одлучувачки за Арсенал во Лигата на шампионите. Доколку забележи успех против Французите, Арсенал ќе си го гарантира пласманот во елиминациската фаза од ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













