
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, би можел да го напушти клубот и да ја преземе бразилската репрезентација, тврди „UOL“. Португалецот е врзан за „џалоросите“ до 2024 година и во оваа фаза нема намера да потпише нов договор. Неговиот план е да се збогува од фудбалот на највисоко ниво како тренер на „Селесао“, а потоа кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија или во САД.
Не е тајна дека бразилската федерација се договори со Карло Анчелоти, кој треба да ја преземе репрезентацијата на оваа земја на лето кога ќе му истече договорот со Реал Мадрид. Во последните недели, сепак, се појавија информации дека Италијанецот може да се откаже од ангажманот.
Интересно е што самиот Мурињо го советува Анчелоти да остане на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи, според него, тој е совршениот човек за Реал Мадрид.
Фернандо Динис моментално е на чело на Бразил. Под негово водство, „Селесао“ забележа три последователни порази во квалификациите за Светското првенство 2026 година, а последниот беше против Аргентина (0-1) на „Маракана“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)
