
Првиот човек на Интер, Симоне Инзаги, како и неговиот колега Масимилијано Алегри, беше задоволен од ремито на дербито против Јувентус. Двата тима одиграа 1-1 во Торино, а Интер ја задржа предноста од два бода на врвот на табелата во Серија А.
„Се подготвувавме токму за таков пристап од Јувентус. Знаевме дека ќе се бранат длабоко. Натпреварот многу наликуваше на нашето гостување во Торино минатата сезона, кога создадовме многу шанси, но загубивме. Свесни сме дека Јуве има многу цврста одбрана. Мислам дека се претставивме добро“, сподели Инзаги.
„Нерешениот резултат не е лош исход од натпреварот. Многу е тешко да се постигне гол против Јувентус, особено ако тие се во водство. Секако дека требаше подобро да реагираме во ситуацијата во која Влаховиќ постигна гол. Сепак, не ја загубивме концентрацијата и брзо израмнивме. Второто полувреме беше помалку интересно, но против силниот противник кој заслужено е второпласиран на табелата бодот е добредојден. Сакавме да победиме, но и овој резултат ни одговара“, призна тренерот на „нероаѕурите“.
„Тимот ги следеше моите инструкции. Долго се обидувавме да ја контролираме топката. Јасно беше дека Јувентус ќе се брани и ќе се потпира на контранапади. Беше тешко да се најдат Барела и Мхитарјан меѓу двете линии. Домаќините оставија повеќе простор за Чалханоглу, што нѐ изненади“, истакна Инзаги.
„Неколку тимови се во борба за титулата, а уште неколку се стремат кон топ 4. Да не беа повредите на Бастони, Павар и на Санчез, веројатно ќе изберев поинаков состав. Играме на секои 48 или 72 часа, што не е лесно. Се надевам дека Алексис ќе биде достапен за натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите“, додаде тренерот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)
