
Напаѓачот Ромелу Лукаку и англискиот фудбалски клуб Челси постигнаа договор за трансферната сума за која белгискиот интернационалец следното лето може да се пресели во друг клуб, објавија италијанските медиуми.
Лукаку оваа сезона е на позајмица во Рома, а римјаните следното лето можат да ги откупат правата на играчот за 38 милиони евра, пишува Calciomercato.com.
Белгиецот блескаше во првите неколку месеци од сезоната под водство на Жозе Мурињо, постигнувајќи девет гола на 14 натпревари во Серија А и Лигата на Европа, а директорот на клубот Тијаго Пинто веќе најави дека Рома ќе се обиде трајно да го ангажира Лукаку по завршување на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski