
Белгискиот офанзивен играч за врска Еден Азар, кој неодамна се повлече од играњето на 32-годишна возраст, одбил богата понуда да се врати од пензија. Тој одбил 1,1 милион евра неделно или околу 52 милиони евра годишно за да потпише договор со клуб од Саудиска Арабија.
Азар добил три понуди од Саудиска Арабија, односно од тамошните клубови. Ова го тврди неговиот поранешен соиграч Џон Оби Микел.
„Микел знаеш дека имам многу пари. Знаеш и како живеам, не трошам многу. Имам доволно да живеам со семејството и да ги одгледувам децата”, бил одговорот што Азар му го дал на Микел на прашањето дали тој би ја прифатил понудата.
Азар се пензионираше како икона на Челси, но не успеа да се докаже во Реал Мадрид кој го донесе во летото 2019 година за 115 милиони евра. Спротивно на очекувањата, Азар за Реал одигра само 76 натпревари благодарение на низата повреди и лошата форма и постигна само седум гола и 12 асистенции. За споредба, тој постигна 110 гола со 92 асистенции на 352 настапи за Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
