Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ја пречекува Англија во последниот квалификациски меч од циклусот за ЕВРО 2024. Селекторот Благоја Милевски ќе направи делумни промени само во средниот ред.
По доброто издание на Јани Атанасов во второто полувреме на мечот со Италија во Рим, се очекува тој да биде стартер на вечерашниот меч против Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Заедно со него шанса треба да добие и Исник Алими, а пред нив ќе делува Енис Барди.
Во нападот ќе биде Бојан Миовски, веднаш зад него Елиф Елмас.
Во одбраната нема промени, триото ќе го составуваат Јован Манев, Никола Серафимов и Висар Муслиу. На левата странична позиција е Езгјан Алиоски, а десно повторно ќе делува Бојан Димоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













