Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) ја пречекува селекцијата на Англија во последниот квалификациски меч од циклусот за ЕВРО 2024.
Голманот Столе Димитриевски верува дека мечот против Англичаните треба да биде едно ново докажување.
“Не очекува тежок натпревар против една голема селекција, Англија заслужува респект, но ние сигурно сакаме да одиграме многу подобро и да покажеме дека на првиот меч на “Олд Трафорд” не заслуживме толку убедлив пораз. Јас посакувам да не примиме гол, но за тоа ќе треба целиот тим да одигра одлично, да ги исполни сите задачи во дефанзива, во текот на сите 90 минути”, изјави голманот Столе Димитриевски.
Селекторот Благоја Милевски верува дека Македонија ќе одговори физички на потребното ниво и дека заедно со публиката ќе успееме да им се спротивставиме на Англичаните.
“Го подмладивме тимот, примивме многу голови поради наша деконцентрација и дефокус, мораме да работиме напорно и да стекнуваме искуство кое е потребно за уште подобри резултати. Мораме да одговориме физички на потребите што ги бараат овие врвни европски натпревари, јасно е дека имаме проблем зошто дел од фудбалерите немаат задоволителен натпреварувачки ритам во клубовите. Но, ќе сториме се да одиграме добро и да оствариме позитивен резултат против Англија”, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski