Милан е заинтересиран за дефанзивецот на Челси, Беноа Бадијашил. Клубот од „Сан Сиро“ го насочи вниманието кон Французинот за трансфер во јануарскиот прозорец, открива „Газета дело спорт“.
22-годишниот централен дефанзивец беше донесен на „Стемфорд Бриџ“ од Монако минатата зима за 38 милиони евра. Сепак, тој не успеа да импресионира минатата сезона, се мачеше со повреди од почетокот на сезоната и на крајот го загуби своето стартно место во тимот на Маурисио Покетино, не успевајќи да запише ниту една минута во Премиер – лигата.
Милан размислува да ја искористи ситуацијата и да го доведе францускиот интернационалец во своите редови. „Росонерите“ имаат проблеми во одбраната, каде Пјер Калулу е повреден, а Симон Кјаер исто така често е надвор од тимот. Затоа клубот бара засилување и се насочи кон Бадијашил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













